Бан Чунг или леплива оризова торта и е традиционална виетнамска оризова торта која е направена од леплив ориз, грав, свинско месо и други состојки. Неговото потекло е раскажано од легендата на Ланг Лиу, принцот на последниот крал на Шестата династија Хун, кој стана наследник благодарение на неговото создавање на Бан Чунг и Бан Гиас, кои ги симболизираат Земјата и небото. Ова јадење се смета за суштински елемент на семејниот олтар, а изработката и јадењето на бен чунг и во денешно време е добро зачувана традиција на луѓето од Виетнам. Освен за празнични трпези, исто така се јаде и во текот на целата година, како дел од виетнамска кујна.

Како што забележувате, едноставни се состојките, но постапката и умешноста на правењето е малце покомплицирана.

1. Ставете го оризот во голема чинија, покријте го со вода и оставете го да стои преку ноќ. Истото направете го и со зрната грав, во посебен сад со вода, оставете ги натопени во текот на ноќта. Следниот ден, исцедете го оризот и гравот.
2. Ставете го гравот да се вари на среден оган и згответе го, притоа мешајќи повремено, околу 20-30 минути. Се цеди и од него се прави паста, преку компирова преса или со лажица.
3.Во меѓувреме, загрејте го маслото на средна топлина и гответе го кромидот и пропржете го додека да се карамелизира.
4. На кромидот ставете му сол и пастата од грав, промешајте убаво и запржете, додека не почне да се лепи. Потоа оставете го во сад да се излади убаво смесата.
5. Листовите од банана добро измијте ги и избришете ги со сува крпа. Поставете ги 4те листа унакрсно. Ставете околу 1 чаша паста од зелен грав во центарот на лисјата и распоредете ја смесата. Потоа земете околу 1 чаша ориз и користејќи ги рацете, формирајте помала коцка. Врз коцката се се става уште една чаша зелен грав, обикулувајќи ја малата коцка леплив ориз.
6. Почнувајќи од најскриениот лист од банана, почнете со преклопување на листовите еден по еден, формирајќи коцка. Завиткајте ги цврсто како подарок, така што содржината не смее да се поместува или истури за време на готвењето. На крај цврсто се врзува со коноп, како пакетче поклон.
7. Земете еден голем сад во кој ќе ги варите пакетчињата. Наредете ги така што ќе бидат покриени со доволно вода. Ако садот не е доволно голем, можеби ќе треба да користите повеќе од еден. Во садот се додава зовиена вода и се остава така да стојат 6 часа, односно цела ноќ.
8. Утрото поставете ги колачињата во решетка, за да се исцедат и целосно и да се изладат.
9. При послужување се отстрануваат листовите од банана и се сечат на осминки. -Лесен начин за сечење на лепливата оризова торта е да се користи обичен или забен конец.

Бан Чунг за време на Лунарна Нова Година, се послужува со специјално подготвена закусна од ферментирано месо со ѓумбир, чили и лук или Сам Чуа.

Бан Чунг често се јаде исто така и со кисел кромид или коренести зеленчуци или со слатко-кисел сос.

*Забелешка- исто така наместо зелен грав може да се користи грашок или боранија и ќе добиете сличен ефект.
Истово јадење се подготвува и со месо во средината, се бира некое помасно, како свиснко, се диснта и се става во мала коцка централно, односно во средина на оризот.

Ова јадење е доста специфично и карактеристично за Виетнам. На почеток ќе ви изгледа чудно и необично, но е доста вкусно.

На фотографијата е прикажана типична свечена трпеза за Виетнамско предјадење за Лунарна нова година. Се насочив кон рецептот за оризова торта, која на фотографијата е како зелена коцка, пресечена на осминки, бидејќи досега овој рецепт не е објавен на страната. До ннив има спринг ролс кои ми се веќе објавен рецепт . На средината има свежа салата која се комбинира со спринг ролс. Розевите пакетчиња се ферментирано месо со месо со ѓумбир, чили и лук или Сам Чуа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови