Подготовка
Сите состојки ги ставаме во Нутрибулет или некој друг блендер и мелеме додека да ни се измазни смесата. По внатрешните рабови на чашата ставаме чоколаден прелив и го ставаме пијалокот. Декорираме со прелив и рендано чоколадо.

Забелешка
Ова фрапе се прави и со швепс или некој друг газиран сок од лимон или портокал, ама одлична замена е и газираната вода со цеден сок од лимон или портокал. Оставам на ваш вкус како ќе си го подготвите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани