1. Бананите и урмите се блендираат заедно.
2. Наполитанките и оревите се мелат, а во нив се додава стопен маргарин или путер.
3. Двете смеси се спојуваат.
4. Се меша добро, се прави подлога и се наплескува во калап (кај мене бр. 26, ако сакате повисока торта користете 24).
5. Се става во фрижидер.
6. За фил се матат со миксер сите состојки. Јас не додадов шеќер во прав затоа што подлогата е доволно слатка, но кој сака може да додаде по желба.
7. Филот се истура цел врз подлогата, одозгора се посипува какао и се остава да се стегне тортата до наредниот ден, најдобро во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови