Превкусен сочен банана колач.
Рерната згрејте ја на 180 степени.
Во сад згмечете ги бананите, додадете го изматеното јајце, солта и стопениот путер.
Се заедно добро измешајте. Потоа додате го брашното, шеќерот и пецивото. Повторно се заедно измешајте.
На крај се додава чоколадото и лешниците.
Тавчето обложете го со хартија за печење, излејте ја смесата во тавчето, малку израмнете ја и ставете ја да се пече околу 40 минути. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот.
Доколку го чувате во пластична кутија колачот е свеж неколку дена.
*колачот се пече во тефлонско тавче со димензии 16 на 28.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови