Баклавава е одлична пребогата и превкусна. Аромата на портокал си го направи своето.
Прво толчените ореви и лешници ги потпекуваме во загреана рерна додека да почне да се шири пријатен мирис. Ги вадиме и ги оставаме убаво да се оладат. Додавеме рендано чоколадо и рендана кора од еден портокал и филот е готов.
На работна површина редиме две кори и филуваме со околу 4 лажици фил и виткаме ролат. Постапката ја повторуваме со останатите кори (се добиваат 6 ролати). Ги сечиме ролатите на парчиња со големина од околу 8 см.
Путерот со маслото ги топиме и со тоа ја полеваме баклавата.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу половина час (односно додека баклавата не зацрвени).
Додека се пече баклавата го вариме шербетот.
Печената баклава топла ја полеваме со топол шербет.
Оставаме убаво да се излади, нај добро преку ноќ. Потоа послужуваме и уживаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови