За многу години Бадник.
За посната Бадникова трпеза го подготвив овој ароматичен, кревок и  посен колач

Во нутрибулет ги ставаме брусницата и оревите.
Кратко соединуваме, да се иситнат.
Во вангличка прво ги соединуваме сите суви состојки.
Ставаме брашно, пециво, сода бикарбона, ванила, цимет, сол, брусница, орев,шеќер.
Промешуваме, па додаваме мармалад, масло, кисела вода, кока кола, рендано јаболко.
Соединуваме , убаво смесата да се изедначи.
Ја истураме смесата во малку намастена и малку побрашнета правоаголна ростер тава.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна на 200 с.
Оставме на решетка колачот, убаво да се излади, па сечеме парчиња и послужуваме.Користена е чаша од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани