Бадемите малку потпечете ги и сомелете ги, ама да останат и покрупни парчиња.
Во салото ставете ги и другите состојки и кратко измесете тесто од кое убаво ќе се формираат гурабиите.
Кинете парчиња поголемки од орев и формирајте ги во форма на колбавче.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени кратко време, само малку да заруменат.
Нека оладат малку па убаво испрпелајте ги во шеќер измешан со ванила.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови