Подготовка
На почеток започнуваме со подготовка на шербетот.
Во тенџере измешајте ја водата со шеќерот и ставете да вријат.
Кога ќе зовријат намалете ја температурата и варете уште петнаесетина минути на тивок огин.
Тргнете го шербетот на страна додадете ванилин шеќер и оставете да се излади.
Сомелете ги бадемите, лешниците, оревите и заедно со какао измешајте и додадете шеќер.
Растопете путерот па додадете масло. Со оваа течност попрскувајте ја секоја кора.
Еден ролат го сочинуваат две кори и двете ги прскаме со путер и зејтин. На втората кора на почеток ставаме од смесата ореви, бадеми, лешници, мотаме во ролати редиме во подмачкана тава и сечеме.
Баклавата ја печеме 50 мин на 180С. Жешката баклава ја преливаме со ладниот шербет.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани