Сезонски колач, кој потсетува на детството.......

Земаме два сада и ги делиме белките од жолчките.
Ги матиме белките со половина количина на шеќер и ванилата во цврст шам.
Со остатокот на шеќер ги матиме жолчките.
Со лесни движења на шпатула ги соединуваме белките и жолчките.
Постепено додаваме масло, јогурт, просеаните брашно и пециво.
Ја изедначуваме смесата и ја истураме во правоаголна тава во која претходно има ставено хартија за печење.
Едно до друго ги редиме зрната вишни.
Го печиме колачот прво 15 минути на 200 степени, па ја намалуваме рерната на 180 степени и печиме одприлика уште 15-20 минути.
Секако проверуваме со чепкалка дали колачот е печен .
Го вадиме на решетка потполно да се олади.
Го посипуваме со шеќер во прав и сечеме на парчиња.
Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани