1. Се печат пиперките и патлиџаните. Се ставаат во најлонска кеса да се здушат(да омекнат за лупење).
2. Се лупат и се оставаат да се цедат од водата.
3. После 5-6 саати или најдобро е да се исцедат преку ноќ, се мелат пиперките и црните патлиџани на машина за месо.
4. Во голема тава се става целата мелена смеса малку да се пропржи на суво. Околу15мин. Потоа се додава половина шише масло и се пржи. Постепено се додава маслото и се меша. Јас го пржев околу 2 саати во голема росфрај тава и многу брзо се испржи.
5. При крајот се додава киселината, шеќерот и сол. Се допржува уште малку и мора да се проба заради вкусот.
6. Се собира ајварот топол во топли тегли, се ставаат во загреана рерна на 100С 10 мин и се исклучува. Се оставаат внатре да оладат и да се вакумираат теглите.
ПС-излегуваат 16 тегли

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани