Прекрасен вкусен и декоративен десерт денес ви презентирам.

Во касерола на оган се ставаат млекото, шеќерот, путерот и чоколадото.
Ги соединуваме на тивок оган.
Кога смесата е изедначена го додаваме мелениот афион и солта.
Вариме на многу тивок оган 2-3 минути, односно се додека не се згусни.
Тргаме од оган и додаваме бисквити.
Соединуваме.
Земаме лист розен кора и го поставауваме на даска за колачи.
Премачкуваме со топлиот крем.
Ставаме лист розен кора, фил, розен кора, фил.....
Поклопуваме со розен кора, ставаме фолија врз колачот и некој тежок предмет.
Во две касероли посебно ги растопуваме белото и црното чоколадо.
Врз стегнатиот колач, односно розен тортата ги прелеваме двете врсти чоколадо, формирајќи мермерни шари.
Оставаме чоколадото да се стегни, па сечеме на штангли и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани