Превкусни, ароматни кифли.
Во топлото млеко го ставаме шеќерот, квсецот, лажиче брашно и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, солтта,маслото, јајцето, киселата вода.
Постепено го додаваме брашното и замесуваме нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Сега нежно киниме парчиња со големина на бомбица.
Секое топче го потопуваме во соединетите маслиново масло и сувите зачини.
Ги редиме по три топчиња во калап за мафини.
Танко премачкуваме со изматено јајце, наросуваме по малку сусам.
Оставаме да киснат 20 минути, па ги печиме во загреана рерна околу 25 минути.
Сервираме топли со парче биено сирење

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани