Ароматични, вкусни, со одлична текстура.

Просеаното брашно се меша со пецивото, ѓумбирот, циметот, кората од портокал.
Во длабок сад се мати пенасто путерот со шеќерот и ванилата.
Се додаваат јајцата едно по едно.
На оваа смеса се додаваат сувите состојки и убаво се изедначува.
Во калап за мафини се ставаат хартиени корпиња.
Се полнат 3/4 од висината.
По желба може да ставите коцка чоколадо.
Се ставаат да се печат во загреана рерна околу 20 мин. на 180 степени.
Нека малку подизладат, па извадете ги од калапот и декорирајте по желба.

На здравје!

*Од оваа смеса излегуваат 12 големи мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани