Овие бомбици се подготвуваат за 5 мин, а ќе добиете околу 8-10 - зависно од големината. Супер се ако ви се јаде здраво веган благо, за пост и се разбира за хроно ужинка.

1. Урмите и сокот од портокал ставете ги би сецко / блендер и на неколку секунди исецкајте ги.
2. Потоа додадете ги сецканите смокви, аронија, ореви и зачините. Повторно на 5-7 секунди блендирајте и ќе добиете убава густа смеса.
3. Формирајте бомбици и уживајте во овој прекрасен спој на вкусови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови