Ова е нашиот денешен здрав, вкусен појадок

Во еден сад ги ставаме чиа семките, водата, медот, циметот, ванилата, ѓумбирот,
кардамомот.
Убаво промешуваме и оставаме на страна да одстои 1-2 часа, односно семките убаво да набабрат.
Потоа земаме 2 чаши.
На дното на чашите ставаме свежи капини, па ароматизирана чиа, капини, чиа.
Декорираме со свежи капини и ливче нане.

Забелешка- наместо вода може да се користи било какво млеко, кравјо, кокосово, бадемово...
Наместо капини може да се користи микс на шумско овошје...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани