Ова е една поздрава варијанта на палачинки, во кои наместо брашно, јас ставив протеини. Протеините, обично ги конзумираат луѓе што активно вежбаат и јас најчесто ги додавав во смути, па некако ми здосади таа комбинација, и ги пробав
во оваа варијанта.
Најпрво, сливите и грозјето исецкајте ги на поситни парченца и потопете ги со жешка вода. Оставете ги да отстојат така, околу 10тина минути.
Во друг сад, измешајте ги протеините, мелените ореви, какаото, брашното и пецивото. Сега тука додајте ги јајцето и млекото. На крај, се додаваат исцедените сливи и грозје, па се добро се меша. Смесата е малку погуста, како за мафини. На загреано и на тавче, премачкано со путер, се истура од смесата. Се прават мали палачинки, кои се печат на средна температура, убаво од двете страни.
Овие палачинки, јас ги послужив со мармалад од црвено овошје. Од оваа доза, мене ми испаднаа десет палачинки.
Наместо протеини, можете да додадете обично брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови