1. Во чаша од нутрибулет или некој друг блендер се ставаат сите состојки без маслото и се остава околу 1-2 мунути снегулките да ја впијат водата.
2. Целата смеса се блендира и смесата за палачинки е готова.
3.Тавчето за палачинки се става на оган да се загрее и се премачкува со салфетка со масло.
4. Се става дел од смесата и се покрива со капак, кога палачинката е готова од едната страна се превртува од другата да се допечи без да е покриена со капак.
- Готовите палачинки се сервираат со додатоци по ваш избор, во случајов со мед, пекани и парченца банана.
- Од смесата излегуваат 3 или ако се помали 4 палачинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови