Преубав сочен колач и лесен за подготовка.

Шеќерот се мати со жолчките додека не се растопи шеќерот убаво.
Маргаринот (или путерот) омекнат на собна температура се додава во смесата со жолчките.

Сувите состојки, брашно, какако, пециво и ванилите се мешаат во еден сад. Се додаваат во смесата од јајца и путер и се додава млекото.
Се мати се заедно, да се изедначи.

Се пече во рерна на 200-220 степени во голем плех од рерна.
Се пече додека не фати кора. Ќе проверувате кога е тоа. Се вади на кратко од рерна, се премачкува со џемот и се враќа да се допече и џемот убаво да впие.

Додека се пече се матат белките со шеќерот во убав цврст фил.

Се вади повторно колачот, се премачкува со филот од белката, се посипува со толчените ореви и се враќа во рерна на 150 степени додека да зарумени белката.

Пријатно јадење :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани