Совршен, совршен посен десерт....за сите кои постат и оние кои сакаат вакви енергетски, ароматични грицки.

Во нутрибулет ги сецкаме брусниците и сливите.
Во еден сад на оган доообро загреваме тефлонска тава, па ја намалуваме температурата.
Кај мене од 9, работев меѓу 5 и 6.
Во добро загреанта тава, со големо внимание да не изгори амарантот, во неколку наврати ставаме по малку, со протресување на садот оставаме да испукаат, да добиеме пуканки.
Добиените пуканки од амарант ги ставаме во длабок сад.
Го додаваме малку тостираниот сусам, брусницатам, сливите, медот, циметот, сокот од агруми, чиата, шеќерот или медот и пасираната банана.
Тука додаваме 2 лажици семки од сончоглед или тиква, гоџи бобинки....тоа што имаме при рака.
Смесата со лажица убаво ја соединуваме.
Ќе биде малку леплива.
Земаме хартија за печење и по неа ја распоредуваме убаво смесата.
Со остар нож правиме засеци, односно формираме плочки.
Ги печиме на 140-150 степени околу 35 минути.
Потоа внимателно на веќе направените засеци повторуваме со ножот.
Ги делиме плочките и сервираме.

Забелешка- можеби некои зрнца нема да испукаат, не се секирајте, додадете ги и тие во смесата.
Плочките се прекрасниииии!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови