Брзи, лесни и пред се вкусни алва коцки прелиени со чоколадо. Направени на поинаков начин, но исто добри како и традиционалната алва. Прекрасен наврат на стари, добро познати вкусови.

- Во тава на оган брашното се пржи на суво се додека благо не потемни (3-4 минути), притоа е потреба да се меша и да се внимава да не загори. Се додава путерот и млекото, се пропржува уште кратко се додека се не се соедини.
- Смесата се префрла во блендер, се додава медот и цимет и кратко се блендира. Се остава да се олади. Се формираат коцки или бомбици.
- На оган се топи чоколадата заедно со путерот, коцките целосно се преливаат со растопената чоколада. Се оставаат да се стегнат во фрижидер.

Напомена
Во зависност од користеното брашно можеби ќе биде потреба од повеќе или помалцку млеко. Додавајте постепено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови