1. Кромидот и пиперката се сечат ситно, а лукот се ренда ситно.
2. На месото му се додаваат зеленчуците и зачините и се замесува.
3. Месото се остава 2 часа убаво да се соединат состојките.
4. Рацете се навлажнуваат и се зема од месото.
5. Се земаат 2 стапчиња и околу нив се оформуваат ќебапите, самите ќебапи се сплескуваат од двете страни.
6. Така подготвени се печат на грил тава или на скара.
7. Готовите ќебапи се сервираат со салата и арапски леб.
Забелешка
-Оригиналниот рецепт се прави со 70% телешко и 30% јагнешко месо, но и само со телешко се вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови