Овој месец кружи на интернет овој рецепт (АБ кифли ) кои сите ги прават. И ете решив и јас да ги направам и објавам овде.
Се замесува меко тесто од сите состојки напишани. Тестото треба да биде на меко. Се премачкува со масло и се остава да одмори 30мин.
Потоа се зема тестото се дели на 20 топчиња кои се премачкуваат со масло. (Во оригиналот се дели на 16 топчиња). Се сукаат и се прават кифли кои киснат 15мин.
Се премачкуваат со премаз од белка и вода. Се печи на 200С-20 мин. Жешки се премачкуваат со стопен маргарин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани