За нас
Почнувам да го пишувам делот За нас и си мислам колку би било добро да можете да нè видите, барем на кратко, додека работиме. Да видите како подголтнуваме додека ги снимаме видета и како секој мора да проба барем по малку од зготвеното. Како повторно подголтнуваме која ги монтираме видеата, па пак кога ги качуваме на нашиов блог... па пак кога ги споделуваме на Facebook и Twitter... а секоја недела имаме по 3 новои видеа.
Тука се и Вашите рецепти! Сарми, пити, кремпити, чоколадни торти...(одам да доручкувам, па после ќе го завршам текстов).
Ете зошто работата на МоиРецепти е многу...вкусна, но и тешка.
И слободно можам да пишам дека ова е најпријателски блог за готвење на светот, бидејќи Филип, Даниел, Кирил, Томе, Сања и двете Ани се радуваат на секој нов готвач кој ќе ни се придружи и со душа го чекаат секој нов рецепт!
Сега за сега, нека остане тајна кој од нас е вистински виртуоз во кујна, а кој, од готвење, е заинтересиран само за јадење. Но, сите делиме една заедничка визија, а тоа е – полна чинија со вкусна храна. Затоа, мисија ни се што повеќе пријатели кои ќе ни се придружат!
Зошто блог за готвење?
Бидејќи вистинската (вкусна, здрава, исполнета со вкус и мирис) храна е задоволство и за телото и за духот. Таа е начин да им покажете на блиските дека ги сакате и повод да се дружите со пријателите. Таа ја прави својата магија, секогаш кога ќе се сподели!
Затоа, ајде да се дружиме и да готвиме заедно! Да ги пробаме далечните, необични кујни, да ги зачуваме рецептите на нашите баби, да ги откриеме малите тајни на големите домаќини и домаќинки, да го споделиме знаењето и... како велат, пријател ти е оној со кого го делиш јадењето!
На здравје!
Со љубов,
moirecepti.mk