Оризот пржен на јајца е омилен прилог во Кинеските ресторани низ целиот свет… Еве ја и нашата верзија која ќе ви помогне да го создадете овој автентичен вкус во Вашата кујна.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 Јајца
  • 200 грама ориз
  • Една рака грашок
  • 4 Млади Кромитчиња
  • Соја сос
  • Масло

Подготовка

Чекор 1: Многу е важно оризот да го сварите пред да почнете со подготовката на овој рецепт... Тоа можете да го направите и ден порано и да го ставите во фрижидер, на даска за сечкање покриен со целофан.

Чекор 2: Загрејте ја Делимано вок тавата… Ќе знаете дека е спремна за употреба кога термо сензорот ќе стане црвен… Ставете масло и соја сос, а потоа ставете го и оризот... Малку промешајте…

Следни ставете ги младите кромитчиња и грашокот… Измешајте ги заедно, ставете уште малку соја сос и оставете ги состојките да се комбинираат…

Чекор 3: Направете место за јајцата на средината од вок тавата… Ставете 2 јајца и веднаш почнете да мешате… Јајцата ќе се пржат додека ги мешате со оризот… И ќе добиете густа смеса на ориз со прекрасен вкус на јајца и соја сос.

Чекор 3: Време е за сервирање: Оризот пржен на јајца традиционално е прилог на главното јадење, но зошто не би го сервирале и самостојно... Заситува и обилува со вкус.

СОВЕТ: Најважно за овој рецепт е да го оставите варениот ориз да се исцеди за да нема премногу течност при готвењето… Можете ли да јадете со стапчиња, на вистински Кинески начин?

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Вок тава
Вок тава