Овие ќофтиња во тесто во Русија се викаат *Котлеты в тесте* и многу се популарни, вкусни и се заситуваат. Тие одговараат со јогурт, чај или сок. Пробајте ги и ќе бидете пријатно изненадени :)

1. Сите состојки за тесто (освен масло) се промешуваат и се меси меко тесто, на крај се додава маслото и уште се меси тестото, потоа се остава во топло место и се чека да стаса.
2. Мекиот дел од лебот се топи во малку вода за да се омекне, потоа се рони и се додава кон другите состојки за ќофтиња и убаво се промешуваат и се прават подолги ќофтиња.
3. Ќофтињата се пржат во врело масло на умерен оган од двете страни додека не се заруменат, потоа се тргаат на страна за да се изладат.
4. Од стасаното тесто се прават неколку топчиња (колку ќофтиња, толку и парчиња од тестото). Од секое парче се прават подолги линии и врз нив се става ќофтето и се затвара со тестото, така што краевите на ќофтињата се гледаат од тестото.
5. Ќофтињата во тесто се редат во тавче и се премачкуваат со павлака или јајце, потоа се печат на 200 степени околу 25 минути.

Рецептот на ќофтињата може да биде и по ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани