Е, до сега ве давев со карфиол, а од сега со тиквички! ?

Мошне едноставен и брз начин на подготовка на шпагети од тиквички. Шпагетите од тиквички се одлична алтернатива за оние луѓе кои што од различни причини не конзумираат житарки.

Прво го правиме сотето од пилешкото. На тава со врело масло го ставаме ситно исечканиот кромид и го пржиме додека не се застакли. Му го додаваме, на коцки исеченото пилешко месо и пржиме додека месото не фати боја. Го додаваме Ворчестер сосот, солта (внимателно, овој сос во себе содржи сол) и биберот и околу 100 мл вода и на јак оган пржиме додека не испари водата од тавата.

Тиквичките ги миеме, им ги отсекуваме краевите и со алатка за шпагети, правиме долги, тенки резанци. Ги вариме кратко, околу 4-5 минути во зовриена вода во која има една лажичка сол. Ги процедуваме низ цедалка и тоа е тоа.

Забелешка!
Ако се изостави Ворчестер сосот, ова јадење во потполност ги исполнува критериумите за оброк според Хроно и ЛЦХФ принципите на исхрана.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови