Честита и успешна нова 2017 година. Ова е тортата за мојот роденден, вкусот е многу наситен и чоколаден.
1. Во сад се ставаат сувите состојки и се промешуваат да се соединат.
2. Во друг сад се ставаат течните состојки без врелата вода и се мати да се соедини.
3. Сувите состојки се ставаат во течните на 4-5 пати и се мати со маталка да се соедини.
4. На така подготвената смеса се додава водата на 3-4 пати и се мати енергично за да се соединат состојките.
5. Така подготвена смесата се дели на 2 дела во тавички 22 сантиметри и се става во загреана рерна на 160 степени 40-50 минути или до сува чепкалка.
6. Тестата се оставаат да се оладат целосно.
Чиз-дулче крем
1. Слатката павлака се мати и и се додаваат дулчето и крем сирењето.
2. Желатинот се раствора во 1 голема лажица вода, а потоа се дораствора во 1 лажица врела вода.
3. Желатинот се остава малку да се поолади и се додава во кремот, се мати да се соединат состојките.
Чоко крем
1.Слатката павлака се става во касерола и се загрева (не треба да зоврие).
2. Чоколадото се крши на парчиња и се додава во касеролата.
3. Смесата се меша да се соедини и се остава да се олади и да стегни.
4. Со миксер се мати чоколадниот крем, а со желатинот се процедира по истиот начин како во дулче кремот.
Формирање на тортата
1. Во прстен се става најдолу првото тесто (ако има потреба се израмнува).
2. Потоа се става еден дел од чоколадниот фил, а над него се става целиот чиз-карамел крем.
3. Се става дополнителното дулсе де лече и најгоре се става другото тесто.
4. Тортата се става во фрижидер за 30-40 минути.
5. Се вади прстенот и се филова со преостанатиот чоколаден крем.
Ганаш
1. Слатката павлака се загрева на оган (не треба да зоврие), се тргнува од оган и и се додава белото чоколадо, се промешува да се соедини смесата и се остава да се олади и да се згусти, но да е течна.
2. Тортата се залива со ганашот и се остава да стегне.
3. Се декорира по желба.
- Тестата се подебели и смесата може да се распредели и во 3 тавички, филот исто така е многу и ќе стигне да се филуваат тестата и ако се 3.
- Смесата за тестата е потечна од стандатрната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови