Кремаст колач кој се подготвува брзо, лесен и пред се вкусен..
4 белки се матат со 4 лажици шеќер откога убаво ќе се изматат се додаваат 4 жолчки и непрекинато се мати со миксерот. Се додава маслото, брашното и какото се мати додека се добие изедначена смеса. Смесата се дели на два дела се истура во силиконското четвртасто тавче на Делимано и се пече едната кора на 200с десетина минути, се вади се остава да се лади и потоа се пече и втората кора. Испечените и изладени кори се боцкаат со вилушка и се прскаат со малку млеко.
ФИЛ 1 И 2
Слатката павлака се мати со пола од шеќерот во цврст шлаг, желатинот се прелива со 4 супени лаж ладна вода и се остава да набабри потоа се додава во шлагот и убаво се мати. Посебно се мати маргаринот со преостанатиот шеќер во прав се додава и растопеното чоколадо.
Се одвојува 1/4 од слатката павлака со желатин и се трга на страна, а во преостанатиот дел се додава маргаринот со чоколадото за да се добие филот 1 и се мати убаво.
Се филува кората, прво кафениот фил, потоа белиот фил повторно кора и цела торта јас ја премачкав со остатокот од филот и ја наросив со ренадно чоколадо се остава преку нож убаво да се излади и потоа се сече по желба.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови