Уште една моја варијанта за соленки во форма на переци.

1. Во сад се става квасецот, шеќерот, солта, маслото и млаката вода, се меша со жица.
2. Се додава 1/2 од брашното постепено мешајќи со жицата, а потоа се става маргаринот/путерот кој е омекнат на собна температура.
3. Се меси со рака додавајќи брашно додека да се добие средно меко тесто.
4. Се рассукува кора дебела 1/2 прст и се вадат форми со калапче. Тестото треба да е ни многу меко ни многу тврдо, за да може убаво да се вадат формите.
5. Переците се ставаат во намрсена тава, се премачкуваат со жолчка, се става сусам и се печат околу 20 минути на 180 степени.

Додека има тесто се повторува постапката на рассукување на кора, а формите може да си ги изберете по желба.
Перечињата може да бидат и посни ако се стави маргарин, но и да не се премачуваат со жолчка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани