- Направете дресинг мешајки ги павлаката и мајонезот, осолете на вкус, исто така ставете и мелен бибер.
- Во садот во кој ќе ја сервирате салатата изрендајте прво 1/3 од варените компири и залијте со дресингот, врз него изрендајте јајцата и малку од кашкавалот, залијте со дресингот. Повторете го ова додека имате состојки. Најодозгора премачкајте со дресингот. Декорирајте како вие сакате, ставете во фрижидер да одстои малку за да се олади и спојат вкусовите.
Напомена
Во оваа салата можете да ставите и еден слој од рендани кисели корнишони - околу 3 корнишона се доволно.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани