Личен, вкусен, некако многу ме потсетува на пролет...
Погоден за секаква пригода, а и за искористувањето на велигденските јајца, кои ќе ги имаме наредниве денови во изобилие :)
И за многу години да ни биде нашиов најголем христијански празник - Велигден на сите кои го празнуваат :)

За кората, најнапред се делат белките од жолчките.
Се матат белките со малку солца, се додаваат жолчките, една по една.
Се додава просеаното брашно помешано со пециво.
На крај се додава помешано - подготвениот спанаќ со киселата павлака.
Се убаво се изедначува со шпатула или дрвена лажица.
Големината на калапот за печење е 32 на 39 цм. Го обложуваме со хартија за печење.
Го ставаме да се пече во загреана рерна за време од 15 на мин. на 180 степени или зависно од рерната.Проверуваме со чепкалка за заби.
Печената кора ја виткаме во влажна кујнска крпа и оставаме да се излади.

За филот ги мешаме двата вида на сирење со миксер, но не на најсилна брзина.
Ја додаваме павлаката и мајонезот, вмешувајќи ги со лажица.
Го вмешуваме и сусамот.

Финална постапка
Ја отвораме кората, премачкуваме со подготвениот фил, на едниот крај ги редиме претходно сварените и изладените јајца, кои треба да бидат тврдо варени.
Ја роламе кората, завиткуваме со фолија за свежо и ставаме да се стегни во фрижидер, а потоа по желба декорираме и сервираме...

На здравје!

*Забелешка
-Бидејќи се работи за тврдо варени јајца, најдобро ќе биде да се сварени во прекрасниот Делимано апарат за јајца, доколку го имате, бидејќи ако ги превариме, жолчката нема да биде убава :)
*Наместо фета, може бело кравско сирење, зависно од тоа кој колку сака солено. Мене фетата ми е посолена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани