Оваа пита особено ќе им се допадне на љубителите на вишни (како мене), а посебно ја подготвив вака во посна варијанта, за наменски да им ја предложам на оние кои постат да си се заблажат, а секако наменета е за сите кои го сакаат овој вкус.
Тестото е многу ровко и вкусно, колку повеќе стои, толку поровко станува и воопшто не се суши.
Со путер или маст, питата е исто така многу вкусна, па може да се направи и така.

1. Маргаринот (или путерот) треба да е на собна температура. Во садот во кој ќе се меси тестото за питата, се става маргаринот, шеќерите, пецивото, водата и оцетот. Се замесува со рака колку да се соединат состојките.
2. Потоа постепено се додава просеаното брашно се додека не се добие средно нелепливо тесто. Треба да се внимава при додавањето на брашното, бидејќи од топлината на рацете тестото може да лепи, затоа треба да се прават кратки паузи за време на месењето.
3. Тестото се остава во фрижидер 30 минути.
4. После ова време тестото се дели на 2 дела од кој едниот дел треба малку да е поголем од другиот за да има тесто и за по страните.
5. Се зема поголемото парче и со оклагија се развлекува кружна кора која внимателно се префрла во намрсена тава бр. 26. Кората се боцка со вилушка.
6. Вишните се распоредуваат врз кората и врз нив одозгора се распоредува кафеавиот шеќер кој ќе им даде блажина и гризот кој ќе впие дел од водата што ја содржат вишните.
7. И второто тесто се развлекува и се става врз вишните. Со вилушка се боцка на површината, краевите на двете теста се спојуваат и се прават шари. Се пече 20 минути во загреана рерна на 200 степени и уште 15-20 минути на 170 степени.
Изладена, питата се посипува со шеќер во прав.
Пријатно уживање!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани