Мека и нежна пита со праз и јајца која ке ви се послужи за појадок или вечера. Пробајте ја)

1. Јајцата се матат со маталка заедно со јогуртот, павлаката и солта, и се додаваат 4 лажици масло.
2. Во смесата се додаваат брашното, пецивото и се промешуваат.
3. Фил. Празот и сварените јајца се сецкаат и се додава солта.
4. Во тестото се додава една рака од празот, и половина од тестото се става во намачкано тавче бр. 24 , потоа се реди филот и се става преостанатото тесто за да убаво покрие филот.
5. Питата се пече на 180 степени околу 40 минути.

Јајцата не мора да се ставаат во филот доколу не сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани