Едноставен и брз, а превкусен ручек или вечера.
1. Стекот се сече на помали парчиња, и заедно со печурките, маслото и зачините (додадете зачини по ваша желба и вкус) се промешува, и се става во подлабок и нелеплив сад на потивок оган (јачина на рингла 3/2).
2. Со повремено промешување, така спременото месо се остава некои 20 - 30 минути да се крчка (готово е кога сосема ќе побели, расечете неколку парчиња за да проверите).
3. Кога ќе забележите дека месото пуштило вода и дека е пржено додадете ја киселата павлака.
4. Убаво промешајте, исклучете ја ринглата и оставете сосема да згусне.
5. Толку, имате готов и превкусен ручек во сос! Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови