- Морковите изрендајте ги, лукот, пиперките, магодносот ситно исецкајте. Ставете во поголемо тенџере, додадете ги пиперките, лукот, солта, шеќерот, оцетот и маслото. Пржете на не многу силен оган. Потребно е морковот убаво да се испржи и истиот омекне. При самиот крај додадете го сенфот, разбркајте да се добро спои со морковот, тргнете и соберете во тегли. Додека е топол затворете со капачките, завиткајте ги да се постепено оладат за да се добро затворат капачките.
- Ставете кај останатата зимница и користете го како намаз, или додадок кон печени меса.
Напомена
- Магдоносот го ставам во поголема количина.
- Овој намаз е во стилот или го сакаш и стално ќе го спремаш или не го сакаш. Ние го обожаваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани