Ова прекрасно лиснато тесто може да го користите за изработка на многу различни рецепти за кои ви треба лиснато. Јас си направив погачици, кои испаднаа прекрасни и сум презадоволна од разлистаниот ефект и мекоста на самото тесто.

1. Се замесува тестото од наведените состојки. Се остава тестото да кисне околу 1 час.
2. Тестото малце го размесуваме, односно преклопуваме само од 4те страни и почнуваме со расукување.
3. На набрашнета маса се сука тенка кора. Врз неа на половина кора се ренда оладен путер/маргарин. Потоа кората се преклопува на половина, па потоа уште на другата половина се ренда путер и повторно се преклопува. Се става во кеса или се обложува со фолија и се остава во замрзнувач, на 15 мин да се олади убаво тестото.
4. После 15 мин, од оладеното тесто се развлекува тенка кора. Се витка до половина, па потоа уште на половна и се добиваат 4 преклопи и правоаголна кора. Од лева и десна страна се превиткува и добивате убава коцка. Се сече од страните убаво да се разлиста. Се враќа во замрзнувач на 10-15 мин.
- Постапката се повторува 4 пати!
- Последниот пат се расукува не многу дебела кора, дебела колку показалецот.
Правоаголната кора се сече на коцки, со големина по избор.
- Се редат во тава за печење и се оставаат во замрзнувач уште 15тина мин, убаво да се излади тестото.
- Изладените погачици се премачкуваат убаво со жолчка и се наросуваат со сусам и прстофат сол.
- Се печат на 250 степени, околу 10 мин. Во тој период многу нараснуваат и се креваат нагоре. Потоа се намалува на 210 степени, уште 10-15 мин, без да се отвара рерната!
Ова е многу битно кај лиснатите теста, бидејќи ако се отвори рерната, има голема можност да спласнат надолу и да не го добиете оној ефект на шуплива внатрешност!
- Печените погачици, сеуште врели, се премачкуваат со масло во тенок слој, не се прекриваат со крпа и се оставаат да се ладат. Слојот од масло ќе ги заштити од сушење, но ќе даде и прекрасен сјај на површината.

*Целата финта во лиснатите теста е во тоа да не се меси тестото многу и да биде постојано ладно. Лиснатите теста секогаш се печат оладени, скоро пред мрзнење!
*Доколку сакате при последното листање на погачиците, може да ставите сирење, урда, кашкавал, пица фил и сл и да добиете полнети погачици. Јас намерно ги оставив неутрални, бидејќи ги подготвив за Нова Година и одлично се искомбинираа со руска и француска салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови