- Јагодите исечете на поголеми коцки
- Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Додадете ја рикотата, маслото и ренданата кора од лимонот. Измешајте и постепено додавајте од брашното во кое претходно сте измешале нишестето и пецивото. Измешајте.
- Во смесата додадете половина од исецканите јагоди, измешајте, истурете ја во претходно подмачкана и со брашно посипана модла или пак послана со хартија за печење, врз неа посипете ги останатите јагоди. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30-35 мин. Проверете со чапкалка.
Оставете да се олади, посипете со шеќер во прав.
Уживајте.
Напомена
- Зависно од рикотата - урдата, ако случајно ви се пристори дека смесата е прегуста додадете 2 лажици млеко.
- За да има и крцкав вкус ставив сецкани бадеми, но и воопшто не мора.
- Модлата е бр.24 или тава со размер од 30х20. за да излезе баш онака повисока (кај мене за малку поголема тавката)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани