Пандишпан
1. Во длабок сад се матат до соединување јајцата, шеќерот, солта и ванилите и им се додаваат маслото и млекото.
2. Во сад се става брашното и пецивото убаво со промешува.
3. Во садот со јајцата се додава брашното на неколку пати, се мати да се соединат состојките.
Се пече во загреана рерна на 180 степени до сува чепкалка.
Фил
1. Во длабок сад на оган се ставаат шеќерот, ванилата, слатката павлака и млекото убаво да зовријат (додека не се стопи шеќерот), се додава и какаото, убаво се промешува.
2. На млечната смеса се додава и чоколадото (цело време се меша), откако ќе се растопи чоколадото се додава и путерот да се растопи.
3.Филот се тргнува од оган да се поолади.
4. Од оладениот пандишпан се сечат коцки кои што се потопуваат во чоколадната смеса и се валкаат во кокосот.

- Тавичката во кој што се печи тестото треба да биде намастена убаво.
- Оваа доза е за тавичка со димензии 30 на 40.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови