Од наведените состојки се меси компактно тесто.
Тестото се остава да одмори 10на минути и потоа се плеска врз помал намастен плех од шпоретот.

Празот се пржи во тавче на малку масло.
Откако ќе омекни се додава урдата, се соли по потреба и се зачинува со зачини по желба.
Кога убаво ќе се измешаат состојките се трга тавчето од рингла и се додаваат јајцата.
Се убаво се меша и се распоредува врз тестото.
Одозгора се редат тенки кругови домат. Кај мене е пола, оти имам едни такви што мислат дека доматот ќе ги изеди ако го видат на парчето :)
Се печи на 200С околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани