Измешајте ги маслото и водата.
Додајте го пецивото и измешајте.
Додавајте ги постепено двата вида на брашно.
Мешајте најпрвин со лажица, а откако ќе почне да се умесува тестото продолжете да мешате со рака.
Ако ви изгледа многу меко додајте уште малку брашно.

Замесеното тесто поделете го на 2 дела(или ако сакате помали кифлички тогаш поделете го на 3 дела).

Секоја топка тесто расукајте ја во округла кора и исечете на 8 дела.
На секој дел ставете мармалад и завиткајте кифличка.

Наредете ги кифлите во плех обложен со хартија и печете ги веднаш на 200 степени, околу 25-30 минути.

Додека се топли кифлите свалкајте ги во шеќер во прав.
Оставете ги да оладат, па потоа послужете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани