Попладневен кекс со арома на кандирана кора од портокал
Состојки
- 1 јајце
- 130гр шеќер
- 200мл млеко
- 100мл масло
- 1 ванила
- 1 пециво
- 160гр брашно
- 2лажици кандирана кора од портокал
- 2лажици мелени фстаци
- 70гр црно чоколадо, сецкано на коцки
- 30гр чоколадо и 1лажиче масло за декорација
Подготовка
Ги обожавам овие кревки кексови. Ги подготвувам во различни верзии.
Подготовка
1. Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и матиме до побелување. Додаваме масло и млеко.
Соединуваме.
2. Во вангличка се ставаат брашно, пециво, коцки чоколадо, кандирана кора од портокал и мелени фстаци. Сувите состојки ги додаваме во вангличката. Соединуваме убаво со шпатула.
3. Смесата ја распоредуваме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија. Печиме околу 35 минути во загреана релна. Пробуваме со чепкалка дали е испечен. Испечениот колач го оставаме на решетка да се излади.
4. Нежно го декорираме со растопено чоколадо. Сечиме на парчиња и сервираме со попладневно кафе.
Рецепт за кандирана кора има тука