Испечати

Мини пралини со солен карамел

Мини пралини со солен карамел

Состојки

  • 200гр темно чоколадо
  • 5 лажици масло
  • прстофат сол
  • 1/2 лажичка каен пипер (или чили)
  • 4 полни лажици солен карамел со ореви
  • Карамел
  • 2 чаши шеќер
  • 125 гр путер
  • 170мл млеко
  • 200гр сецкани ореви
  • 1 лажичка сол

Подготовка

Како што напоменав ми остана карамел од претходните колачиња, па да го искористиме =) Додадов уште половина лажичка сол на количината што ми остана.

1. Чоколадото ратопете го на пареа со маслото. Кога е стопено додадете ја солта и каен-от (или чилито), промешајте и спремно е. Чоколадирајте ги калапите 3 пати.

2. Наполнете ги со карамелот, затворете со чоколадо и во фрижидер да се стегнат.
И толку =)

Пријатен апетит =)

* Од оваа доза ми излегоа 45 мини пралини
* Карамелот е лесен за подготовка, веќе објаснет во претходниот рецепт.
* Користете млеко за карамелот, место слатка павлака, се добива полесен карамел и поинтензивен вкус на карамел отколку кога е со слатка павлака.