Овошен јогурт
Состојки
- 200 мл јогурт
- 10-20 мл сируп од боровница или сируп со вкус по желба
Подготовка
Ова е повеќе идеја отколку рецепт ама се надевам дека ќе ви се допадне.
Во чаша ставаме јогурт и доставаме сок на растворање по желба или пак обратно во чаша ставаме сок на растворање, па го доставаме јогуртот. Промешуваме и добиваме овошен јогурт.
Можете да додадете и парчиња овошје по желба. Можете да користите и цврст јогурт.
Количеството на сирупот што го ставаме ќе зависи од неговата блажина и од тоа колку сакатате вие да ви биде благ.
Најголем обожавател кај нас на овошен јогурт е мојот најмал син Теодор.
Овој овошен јогурт е со сируп од боровинки