Посна шопска салата со сирење од бадеми
Состојки
- За една порција
- 1 домат
- 1/2 свежа краставица
- 1/2 црвен кромид
- 1/4 лута пиперка
- 2-3 лажици сирење од бадеми
- сол, маслиново масло, свеж или сушен магдонос по вкус
Подготовка
Ова ми е доручек или вечера за време за постите, иако домашните го конзумираат и како салата за ручек.
Зеленчукот го сечкаме во големина по желба и го зачинуваме по вкус. На крајот го додаваме сирењето од бадеми и лесно промешуваме.
Рецепт за сирење од бадеми имате овде