Испечати

Салата со кајмак и бадеми

Салата со кајмак и бадеми

Состојки

  • 500 гр. кајмак
  • 150 гр печени, солени бадеми
  • 80 гр печен сусам
  • по вкус лук во прав или ситно сецкан свеж лук

Подготовка

Оваа наша ЛУДА Снешка ме испровоцира со нејзините луди идеи да направам кајмак по дома и испадна една уште полуда салада....епа ЛУДO авторските права на салатава ти ги препишувам тебе

Во еден сад се составуваат кајмакот, ситно сецканите солени бадеми, потпечениот сусам и околу половина лажиче лук во прав (може и свеж). Смесата убаво се соединува за да стане хомогена и ете толку спремно за сервирање...Епа на здравје...