Крем потато
Состојки
- 1 кг ситни (млади) компири
- 200 гр чајна колбасица
- 200 гр кашкавал
- 30 гр топено сирење (2 зденки)
- 200 мл неутрална павлака (хопла)
- 200 мл јогурт
- зачини, рузмарин, црн бибер, лук во прав, сол
- за над компирите, парче маргарин и сусам
Подготовка
Компирчињата се измиваат и се пресекуваат на пола по должина, а најситните остануваат цели. Се редат во тавата за печење и над секое наросуваме сусам и ставаме по едно малечко парче маргарин. Ги стваме да се печат на 200 степени во загреана рерна околу 10 мин.
За тоа време, се поготвува кремот. Кашкавалот и чајниот колбас се рендаат и се пасираат со зденките. Се додаваат зачините и на крај хоплата и јогуртот. Сето тоа убаво се промешува и се распоредува одозгора врз компирите. Печиме уште 10 - 15 минути. Добар апетит!