Пирош-перничиња
Состојки
- 1 јајце
- 200 мл јогурт
- 400 гр брашно
- 1 прашок за печење
- 1 лажиче сол
- 130 гр шунка
- 130 гр сирење
- 130 гр кашкавал
- 1 лаж. оригано
- 3 лаж. кечап
Подготовка
Шунката, сирењето и кашкавалот се рендаат. Од сите состојки се исмесува хомогено тесто, кое на набрашнета работната маса се развлекува во правоаголна кора со дебелина од 4-5мм. Се сечи на коцки кои се пржат на загреано масло. Добар апетит!