Солен колач
Состојки
- 3 јајца
- 200 мл јогурт
- 1 чаша брашно
- 1 чаша пченкарно брашно
- 50 гр зејтин
- 1 пециво
- 200 гр сирење
- 1 лажичка сол
Подготовка
Јајцата се матат и се додава двете врсти на брашно, пецивото зејтинот, јогуртот, сол и на крај изгмеченото сирење. Во намрснето плехче са става смесата и се пече на 220 С да поцрвене. Во оваа смеса може да се додадат и шунка, кисели краставички.
Добар апетит