Испечати

Пица со чаен колбас

Пица со чаен колбас

Состојки

  • 20 лажици брашно
  • 7 лажици зејтин
  • 250 мл млака вода
  • 4 лажички сол
  • 1 коцка свеж квасец
  • 200 гр чаен колбас
  • 200 гр кашкавал
  • по потреба кечап

Подготовка

Квасецот го растопуваме во малку млака вода и го оставаме да подстаса 10 минути. Потоа во сад ги ставаме брашното, зејтинот, солта, млаката вода, стасаниот квасец и замесуваме тесто. Тестото го растегнуваме во голема округла тепсија, го премачкуваме со кечап, а потоа ги редиме прво чаениот колбас, па потоа кашкавалот. Печеме во загреана релна.