Испечати

Колачиња за дечиња

Колачиња за дечиња

Состојки

  • 6 јајца
  • 6 лажици свинска маст
  • 15 лажици шеќер
  • 2 филџана за кафе млеко
  • 1 кесичка прашак за пециво
  • пола лажиче сода бикарбона
  • по потреба брашно

Подготовка

Во сад ги ставаме сите состојки и замесуваме тесто. Брашно додаваме постепено, тестото треба да биде меко. Потоа расукуваме кора со дебелина од 0,5 сантиметри и вадиме форми со калапчиња. Ги редиме во тепсија и ги печеме околу 20 минути во загреана релна. Потоа ги декорираме по желба.